• Aucun résultat trouvé

A Method For Analysing A Low Frequency Electromagnetic Field Influence On Human

N/A
N/A
Protected

Academic year: 2022

Partager "A Method For Analysing A Low Frequency Electromagnetic Field Influence On Human"

Copied!
6
0
0

Texte intégral

(1)

Шесша национална конференција со меѓународно учесшво ЕТАИ'2003 Sixth National Conference With International Participation ЕТАГ2003 Охрид, Република МАКЕДОНИЈА - Ohrid, Republic of MACEDONIA

17-20.1X2003

MK0600051

ЕДНА МЕТОДА 3 A АНАЛИЗA HA BЛИЈАНИЕТО HA НИСКОФРЕКВЕНТНО ЕЛЕКТРОМАГНЕТНО

ПОЛЕ ВРЗ ЧОВЕКОТ

Лидија Ололоска1, Љубен Јанев2, Сузана Лошковска3

'Електротехнички факултет - Скопје, Карпош II, бб. 1000 Скопје,

'lideo@cerera.etf.ukini.edu.mk; ljanev@cerera.etf.ukim.edu.mk; 3suze@cerea.etf.ukim.edu.mk

Извадок - Во рамките на трудот изложена е една метода за анализа на влијанието на нискофреквентно електромагнетно поле врз човекот. При проучувањата на ова вли- јание, како основа е земено одредување на поле во нехомогени средини, делејќи ја структурата што се анализира на региони со хомоген материјал. Граничните површи- ни меѓу регионите се опишани со триагол- ници. При развивањето на техниката за одредување на електромагнетното поле, влијанието на останатите региони од ана- лизираната структура се еквивалентира со површински електрични и магнетни струи.

Елек-тромагнетното поле чие влијание врз човекот са анализира, потекнува од еле- ктроенергетски вод. Добиените резултати за електричното поле, може да се земат ка- ко основа за дискусија за биолошките ефе- кти кај човекот, од неговата изложеност на електромагнетно поле.

Клучни зборови - електромагнетно поле, електромагнетни влијанија врз човекот, апроксимација на струи и полнежи

1. ВОВЕД

Во поново време од се поголем интерес е проучувањето на биолошките ефекти на електромагнетното поле врз луѓето и истражувањата сврзани со истите, се со цел одредување на низа параметри кои поната- му би се користеле за различни намени.

При анализата на влијанијата на електро- магнетните полиња, потребно е да се ре- шат неколку проблеми сврзани со методо- логијата на работа, како одредување на ва- лидни параметри за опишување на пробле- мот. Во однос на параметрите кои се бара- ат да се опише ефектот на електромагнет- ните полиња врз човекот, најчесто кори- стена величина е величината SAR [1,2], која претставува нормализиран однос на еле- ктромагнетната енергија апсорбирана од телото. Релевантни параметри за разгледу- вање се и параметрите како распределбата на електромагнетното поле, како и индуци- раните полнежи и струи во телото на чове- кот изложен на електромагнетно поле.

Во непосредна близина на индустриските уреди каде се јавуваат струи со голема јачи-

(2)

на (од редот на десетина кА), како на при- мер електроенергетските водови, уреди за заварување, технолошките уреди за топе- ње, и со тоа се извор на јако променливо магнетно поле, егзистираат електрично и магнетно поле. Во случај на присуство на човек кој се наоѓа во близина на истите, може да се појават струи индуцирани во не- говото тело, како резултат на интеракција- та на овие полиња и ткивата од телото. За потполно да се анализираат импликациите по здравјето на човекот, потребна е кван- титативен опис на таа итеракција. Пробле- мите кои тука се јавуваат потекнуваат од фактот дека човековото тело има многу комплексна геометриска структура и затоа е многу тешко да се добие прецизен тео- ретски или експериментален опис на исто- то.

Исто така, при одредувањето на влијанија- та на електромагнетните полиња врз чове- кот, несомнено дека треба да се има пред- вид фактот дека ткивата се карактеризира- ат со свои електрични особини, кои зависат од фреквенцијата на електромагнетното поле на кое е изложен.

Во рамките на овој труд, презентирана е развиената постапка за одредување на ин- дуцираните струи, или пак ако барањате се такви, за апсорбираната моќност во чове- ковото тело претставено со модел. Истите се одредени за типичните вредности за еле- ктричното односно магнетното поле на кои е изложен човекот од гореспомнатите уре- ди. Врз основа на овие амплитуди на прес- метаните индуцирани струи односно апсор- бираната моќност, може да се дискутира за биолошките ефекти од изложеноста на електромагнетното поле.

лопипеди, при што е Јасно дека веродостоЈ- носта на прикажувањето на истото, ќе за- виси од димензиите на користените геоме- триски тела.

Сл. 1. Изглед на човек

Во рамките на овој труд, моделот на чове- кот е даден со помош на триаголници кои ја опишуваат неговата надворешна повр- шина и границите меѓу различните ткива во неговата внатрешност [3,4]. Изгледот на човек чија надворешна површина е опиша- на со триаголници е даден на слика 1. Из- борот на триаголници за опишување на ге- ометријата е поради нивната флексибил- ност. Co истите може релативно едностав- но да се опише каква било површина.

2. МОДЕЛНАЧОВЕК

За опишување на моделот на човекот, можни се најразлични начини во зависност од посакуваната точност на добиените ре- зултати и можностите за пресметки. Моде- лот може да биде во форма на издолжен елипсоид, кој модел е доста груб. Исто така човековото тело може да биде апроксими- рано со голем број коцки односно парале-

3. МЕТОДОЛОГИЈА НА РАБОТА Кога за цел се има одредување и анализа на влијанието на електромагнетните полиња врз човекот, треба да се има предвид фа- ктот дека телото на човекот има комплекс- на геометриска структура. Исто така, тоа се состои од различни ткива, вклучувајќи кожа, масно ткиво, мускулно ткиво и ко- ска. Овие ткива се одликуваат со електрич- ни особини што се во зависност од фре-

Е-80

(3)

квенцијата на изложеното електромагнет- но поле. Анализирајќи го влијанието на нискофреквентното електро-магнетно по- ле врз човекот, треба да се имаат предвид особините на ткивата при тие фреквенции.

За да се проучат споменатите ефекти од електромагнетното поле во човековото те- ло, кое има електрични особини различни од околниот простор, проблемот се сведува на одредување на поле во нехомогени сре- дини. Постапка која се среќава во литера- турата [5], се базира на еквивалентирање на влијанието на тело чии особини се раз- ликуваат од особините на' слободниот про- стор, со еквивалентна струја

(D

каде што

Ј е густината на споменатата струја, е е комплексната диелектрична констана- та на телото, a

Е е векторот на јачината на електричното поле на набљудуваното место.

Користејќи ја оваа постапка, во крајна ли- нија се одредува поле во хомоген простор, но потребно е да се одредат просторно распределени струи.

Во случај да се анализираат структури, ка- ко што е човечкото тело, чија геометрија не може да се опише на релативно едноста- вен начин, иако при тоа проблемот се све- дува на одредување поле во хомоген про- стор, потребни се обемни математички пресметки, односно решавање системи од многу висок ред. Заради тоа, избрано е структурата што се анализира да се подели на региони исполнети со хомоген матери- јал. При анализата на полето во секој pern- cm се зема дека целиот простор е исполнет со хомоген материјал со исти особини како регионот кој се разгледува, а влијанието на останатите региони се заменува со еле- ктрични и магнетни струи лоцирани на по- вршината со која се ограничува соодветни- от регион. Од граничните услови кои треба да бидат исполнети на соодветната повр- шина, [6,7] следи

каде што

Ј, и Ј се густините на површински рас- пределените електрични и магнетни струи,

п е векторот на наормалата на површина- та со која е ограничен набљудуваниот до- мен, a e насочена кон него, додека Е и Н с е векторите на јачините на електричното и магнетното поле на истото место.

Електричното и магнетното поле можат да се изразат преку електричниот и магнетни- от вектор потенцијал со помош на релаци- ите [8]

1 - - 1 - - ј graddiv A - јшА rot F

coejt e_

- 1 - /

H = — rotA — graddivF - jcoF џ (oe/x

(4)

каде што F = -£*- Ј /

7 e

-Y r

•dS

(5) (6)

J=iixH И J =-nxE (2)

ce електричниот и магнетниот вектор потенци- јал, додека е и џ се карактеристиките на мате- ријалот, у е константата на простирање во него.

Co примена на горните изрази, се добиваат релациите за одредување на еквивалентни- те електрични и магнетни струи.

При развивањето на дадената постапка, ед- но од основните барања кои се поставуваат е истата да не е ограничена од геометрија- та на анализираната структура, од што сле- дува дека одредувањето на распределбата на површинските струи е проблем кој нема точно аналитичко решение. При постапка- та за нивно приближно решавање, густини- те на струите по површината на секој триа- голник може да се земат константни. Вто- ра можност е да се користат посебни апро- ксимации за струите и за полнежите.

Во рамките на анализата спроведена во овој труд, врз основа на [8], избрана е вто-

(4)

рата можност, односно апроксимациЈа на струи и полнежи, при што е користена кон- стантна распределба на истите во доменот на секој триаголник со кој се опишува по- вршината. Основната задача во рамките на спроведената анализа е развивање техника за одредување на полето, па вака дадениот модел на човек сосема одговара на поста- вената задача.

4. ПРИМЕР

Како пример анализирано е влијанието на електромагнетното поле од електроенер- гетски вод врз човек кој се наоѓа под исти- от. Положбата на човекот и водот е прет- ставена на сликата 2.

3 и 4, и тоа во еден попречен пресек во градниот кош, како и на еден надолжен пресек на човекот. На дадените слики по- светлите нијанси претставуваат поле со по- голема вредност. Треба да се напомене де- ка светлите зони кои се јавуваат се резул- тат на грубата претстава на моделот.

о

Сл. 3. Попречен пресек

7,5 m 5,5 m

човек

Сл. 2. Положба на човек и вод

При тоа, се одредува електричното поле во човекот ако низ водот тече струја од 1 кА.

Одредено е полето од еквивалентните еле- ктрични и магнетни струи на површината на човекот, како и електричното поле да- дено со

Е = јсоА - gradq) (7)

каде што

Е е векторот на јачината на електричното поле

A e магнетниот вектор потенцијал, a

<р е електричниот скалар потенцијал.

Дел од добиените резултати за електрич- ното поле во човекот се дадени на сликите

Сл. 4. Надолжен пресек

5. ЗАКЛУЧОК

Имајќи го предвид значењето на одредува- њето на влијанијата на електромагнетните

Е-82

(5)

полиња врз човекот воопшто, а посебно и нискофреквентното електромагнетно no- ne, во рамките на изложениот труд е анали- зирано одредувањето на полето во самиот него. При претставувањето на структурата на човекот, од гледна точка на електрични- те особини на ткивата, користена е постап- ка која граничните површини ги опишува со низа од триаголници. Вака користената постапка нема посебни ограничувања во однос на геометриските особини, на стру- ктурата што е јасно ако се имаат предвид особините на триаголникот како геометри- ска фигура. Моделот на човек опишан со триаголници, кој во оваа апроксимација е релативно груб, е повеќе од задоволителен за основната задача. Во нашиот случај, тоа е развивање техника за одредување на по- лето.

Добиените резултати за електричното по- ле во човекот, односно апсорбираната моќ- ност, може да послужат како основа за ди- скусија за биолошките ефекти од изложе- носта на електромагнетното поле.

Користената техника овозможува анализа на сложени структури, без посебни ограни- чувања во однос на нејзините геометриски односно електрични особини. Исто така, таа овозможува анализа на влијанието на електромагнетно поле без ограничвање во однос на неговата фреквенција.

6. ЛИТЕРАТУРА

[1] С. Polk, E. Postow, Handbook of Biological Ef- fects of Electromagnetic Fields, 2nd ed., CRC Press, 1996.

[2] National Research council. Possible Health effects of exposure to residental electric and magnetic fi- elds, National Academy Press, 1997.

[3] Loskovska S., Ololoska-Gagoska L., Janev Lj.,

"Monitoring Appearance of Electric Discharge Inside Human Body by Integrated System for Visualization EMF Effects on Humans", APB- ME'2000, China, September 26-28 2000.

[4] N. Kakuta, S. Yokoyama, M. Nakamura, K. Ma- buchi, "Estimation of Radiative Heat Transfer Using a Geometric Human Model", IEEE Tran- saction on Biomedical Engineering, March 2001, Vol. 48(3), 324-331.

[5] M. N. O. Sadiku, "Numerical Tehniques in Elec- tromagnetics", CRC Press, 1992.

[6] M. N. Sadiku, Elements of Electromagnetics, Sa- unders College Publishing, 1994.

[7] J. Surutka, "Elektromagnetika", Gradjevinska knjiga, Beograd, 1966.

[8] Љ. Јанев, Л. Ололоска, "Некои сознанија од моделирањето на влијанијата на еле- ктромагнетните полиња врз човекот", ЗЕ- ОС 2002, Гевгелија, 20-21 декември 2002.

Summary

A METHOD FOR ANALYSING A LOW FREQUENCY ELECTROMAGNETIC FIELD INFLUENCE ON HUMAN

Lidija Ololoska1, Ljuben Janev2, Suzana Loskovska3

'Faculty of Electrical Engineering - Skopje, Кагроѕ П, b.b.1000 Skopje,

'lideo@cerea.etf.ukim.edu.mk; 2ljanev@cerera.etf.ukim.edu.mk; 3suze@cerera.etf.ukim.edu.mk

Key words - Electromagnetic field, electromagnetic influence on human, approximation of current and charge.

In this paper, a method for analysis of a low frequency electromagnetic field influence on human is presented.

During the studding this influence, a field determinati-

on in inhomogeneous material is taken as a basic, divi- ding the analysed structure on regions with homogene- ous material. The boundary surfaces between regions

(6)

are described with triangles. Developing the technique Electromagnetic field which influence is analysed , re- for electromagnetic field determination, the influence suits from transmission line. Obtained results for elec- from the other regions in analysed structure is equiva- trie field in human are basic for discussion for biologi- lented with surface electrical and magnetic currents. cal effects of electromagnetic field exposure.

E-84

Références

Documents relatifs

Како што може да се забележи од самата слика, применливоста на мо- делот е презентирана преку приказ на промената на шест големини и тоа: брзи- ната на

За да се предотврати захващането на дрехите при пързаляне, около платформата не бива да има отвори между 3 и 25 мм.. Обърнете специално внимание на

Температурата трябва да бъде проверявана ежегодно, за да се уверите че комплектоването на клапана е правилно.. • Den

Наблюденията позволяват да се подчертае голямото разнобразие на горните пластове на профилите около могилата и да се установи силно изменение на

Во упатството за употреба на моторната коса или на слободниот секач проверете дали смее да се користи глава за косење. STIHL препорачува да се

За време на употреба, делови од светилката и сијалицата може да се загреат до температура &gt; 60 ° C и затоа не смеат да се допираат додека се

За прекъсване на подаването на въздух колелото трябва да се завърти обратно на часовника докато не спре. Притокът на боя може да се регулира чрез отваряне

За да се избегне това, тези команди могат да се пренесат от преамбюла на документа някъде след \tableofcontents , или да не се използват изобщо, защото