• Aucun résultat trouvé

Европското културно наследство преку еТвининг Европското културно наследство преку еТвининг Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина: – е акција наменета за училишта, финансирана од Европската комисија во рамките на програмата Еразмус +. Вклучува н

N/A
N/A
Protected

Academic year: 2022

Partager "Европското културно наследство преку еТвининг Европското културно наследство преку еТвининг Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина: – е акција наменета за училишта, финансирана од Европската комисија во рамките на програмата Еразмус +. Вклучува н"

Copied!
72
0
0

Texte intégral

(1)

1

Учење од минатото,

дизајнирање на нашата иднина: Европското

културно наследство

преку еТвининг

(2)

2 Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина:

Европското културно наследство преку еТвининг

еТвининг е жива заедница која има вклучено во своите 13 години постоење, повеќе од 500,000 наставници кои работат во 190.000*

училишта. Направени се повеќе од 70,000* проекти,кои вклучуваат повеќе од 2,000,000 ученици од цел континент (*податоци од мај 2018).

eTвининг – заедница на училишта во Европа и соседни партнерски земји – е акција наменета за училишта, финансирана од Европската комисија во рамките на програмата Еразмус +.

Вклучува наставници од 36 Европски земји и 8 соседни земји.

еТвининг е дигитална платформа достапна на 29 јазици. Посетителите можат да пристапат до низа

јавни информации за тоа како да се вклучат во еТвининг; кои ги објаснуваат придобивките што ги нуди акцијата и даваат инспирација за колаборативна работа во проект.

Регистрираните наставници имаат пристап до ограничено подрачје наречено eTwinning Live, кое е

индивидуален интерфејс на наставикот со заедницата: им овозможува на корисниците да најдат партнери, да комуницираат, да соработуваат во проекти и да учествуваат во активности за професионален развој организирани на европско национално, не-европско национално и европско централно ниво. Конечно, кога наставниците работат заедно во еден проект, имаат пристап до приватен заеднички простор, кој е уникатен за секој проект, наречен Tвинспејс.

еТвининг нуди високо ниво на подршка за неговите корисници. Во секоја од земјите учеснички (во моментов 44), Националниот сервис за поддршка (NSS) или Агенцијата за поддршка на партнерите (PSA) ја промовира акцијата, дава совети и упатства за крајните корисници и организира низа активности и можности за професионален развој на национално ниво. На европско ниво, eTвининг е координиран од Централниот сервис за поддршка (CSS), кој е воден од European Schoolnet (конзорциум од 34 министерства за образование), во име на Европската Комисија. Централниот сервис за поддршка CSS се поврзува со NSS и PSA и е одговорен за развојот на платформата, како и нудење на низа можности за професионален развој и други активности, како што е годишната Европска Конференција и настанот за доделување нагрди кој ги наградува наставниците и учениците за нивно вклучување во одлични проекти. .

(3)

1

Учење од минатото,

дизајнирање на нашата иднина: Европското

културно наследство

преку еТвининг

(4)

2 Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина:

Европското културно наследство преку еТвининг

Содржини

Предговор . . . 3

Вовед: културно наследство: поврзување на минатото, сегашноста и иднината . . . 5

1. Културно наследство и образование 7 1.1. Европската година на културното наследство, можност за поттикување на наследно образование . . . 8

1.2. Интерпретација на наследството: начин да се ангажираат ученици и студенти за Европа? . . . 9

2. еТвининг културно наследство . . . 13

2.1.еТвининг и неговата врска со културното наследство . . . 14

2.2. Културното наследство во еТвининг проектите . . . 18

3. Подучување на културно наследство во училиште . . . 37

3.1. Настава со дигитално културно наследство во училниците од 21 век . . . . 38

3.2. Дваесет идеи и активности за да се вметне културното наследство во вашиот клас . . . 41

4. Работење со европско културно наследство - други ресурси за учење . . 53

4.1. Учење за историјата и наследството од европска перспектива: Куќа на европска историја . . . 54

4.1.1. Куќа на Европска историја . . . 54

4.1.2. Место за реинтерпретација на наследство 55 4.1.3. Ресурси за учење поврзано за Европа . . . 57

4.2. eTвининг и УНЕСКО училишта: градење на иднина преку откривање на минатото . . . 59

Заклучоци . . . 65

Референци . . . 67

(5)

Предговор 3

Предговор

Тибор Навракис, Комесар за Образование, Култура, и Спорт

Нашето заедничко културно наследство е во срцето на европскиот начин на живот. Не опкружува во нашите градови, природни пејзажи и археолошки локалитети. Тоа е литература, уметност и споменици, занаети научени од нашите предци, приказни што им ги кажуваме на нашите деца, храната што ја уживаме и филмовите што ги гледаме и во кои се препознаваме. Културното наследство не дефинира кој сме и го зајакнува нашето чувство за припадност кон заедничко европско семејство. Сите ние припаѓаме на мирна заедница на повеќе од 500 милиони граѓани со богата историја и преплетени култури.

Мојата амбиција со Европската година на културното наследство е да ги охрабрам луѓето, особено децата и младите, да го истражуваат богатото и разновидното културно наследство на Европа и да размислуваат за местото што го зазема во животот на сите. Преку овој фокус, сакаме да им овозможиме да станат чувари на нашето културно наследство во иднина.

Годината ни овозможува да ги истражуваме нашите традиции, спомени и споменици од нашето минато. Од овие спомени, од нашата историја, можеме многу да научиме.

Се надевам дека преку истражување и доживување на нашето заедничко културно наследство во и надвор од училницата, децата и младите сфаќаат дека нивните различни идентитети - дали се локални, регионални или национални - можат да се надополнуваат, збогатуваат и зајакнуваат меѓусебно и коегзистираат со и во рамките на европскиот идентитет. Разновидноста е нашето богатство и сила.

Според специјалното истражување на Евробарометарот за културното наследство, девет од десет анкетирани Европејци сакаат европското културно наследство да се предава во училиште. Училиштата и наставниците имаат клучна улога за да го остварат тоа.

Посебно задоволство ми е да ја представам eTвининг книгата 2018, посветена на воведување на културното наследство во училницата. Книгата претставува избор од одлични eTвининг проекти поврзани со многу димензии и форми на културно

Тибор Навракис

(6)

4 Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина:

Европското културно наследство преку еТвининг

наследство и е прикажано како наставниците и учениците од сите возрасти размислуваат на најкреативен и шарен начини на оваа тема.

Овогодинешното издание на еТвининг книгата, исто така, им обезбедува на наставниците и учениците разни ресурси и конкретни идеи за активности на час на оваа тема, како и за активности надвор од училиштето. еТвининг проектите покажуваат дека културното наследство може да понуди многу образовни и партиципативни можности за младите луѓе. Многу го поздравувам овој пристап, кој го промовира дијалогот помеѓу различните култури и генерации, нуди чувство на заедничко разбирање на нашите разлики и сличности и нè охрабрува да ја цениме културната различност.

Благодарна сум на сите наставници и студенти кои беа вклучени во различни активности и проекти, како и на еТвининг и целата нејзина заедница, за придонес кон успехот на Европската година на културното наследство. Оваа книга е најопиплив придонес кој ќе ни помогне да обезбедиме културното наследство да остане во срцето на нашиот секојдневен живот надвор од Европската година.

Ова е клучно за активирање на вистинска промена во начинот на кој го уживаме, заштитуваме и го промовираме наследството, осигурувајќи дека годината ќе им биде од бенефит на граѓаните на подолг рок - и ни ќе ни помогне да ја изградиме Европа на Европа.

(7)

5

Културното наследство: поврзување на минатото, Сегашноста и иднината

2018 е Европска година на културното наследство. Културното наследство го обликува нашиот секојдневен живот. не опкружува во европските градови, природни пејзажи и археолошки локалитети. Не го има само во литература, уметноста и предметите, туку и во занаетите што ги учиме од нашите предци, приказните што им ги кажуваме на нашите деца, храната што ја уживаме и филмовите што ги гледаме и се препознаваме.

Годината се фокусира на деца и млади, кои во иднина ќе станат чувари на нашето наследство.Според Евробарометарот, голем дел од испитаниците (88%) се согласуваат дека европското културно наследство треба да се учи во училиштата, бидејќи не учи за нашата историја и култура. (Специјален извештај на Евробарометарот, Културно наследство, 2017 година)

Децата и младите имаат можност да откријат многу облици на културно наследство, вклучувајќи:

• Згради, споменици, артефакти, архиви, облека, уметнички дела, книги, машини, историски градови, археолошки локалитети итн– ( материјално наследство )

• Пракса, репрезентации, знаење, предмети и културни изразувања кои луѓето ги ценат, вредности како фестивали. Исто така вклучува и јазици и орални традиции, изведувачки уметности , традиционални занаети итн. (нематеријално наследство)

• Пејсажи - географски области каде што природните ресурси се доказ за практиките и традициите на луѓето

• Ресурсите што се создадени во дигитална форма (на пример, дигитална уметност и анимација) или кои се дигитализирани како начин за нивно зачувување (вклучувајќи текст, слики, видео и записи) – (дигитално наследство).

Што нуди оваа книга

Целта на оваа книга е да ги разгледа различните аспекти на културното наследство и да понуди примери на еТвининг проекти како и идеи за активности поврзани со културно наследство

Вовед

Вовед

(8)

6 Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина:

Европското културно наследство преку еТвининг

Во првиот дел, ќе дознаете што се подразбира под културното наследство и ќе се запознаете со толкувањето на наследствотото како пристап за учење.

Вториот дел дава примери на инспиративни еТвининг проекти кои се занимаваат со материјален, нематеријален, дигитален и природен аспект на културното наследство.

Третиот дел обезбедува ресурси од Еуропеана: дигитална платформа на Европската Унија за културно наследство. Исто така, ви дава идеи за активности на час кои се поврзани со различни теми, од историја до астрономија и од математика до јазици.

Во последниот дел, ќе дознаете како вашите ученици можат да научат за историја и наследството користејќи ги ресурсите на Куќата на европска историја. Исто така, ќе откриете како eTвининг училиштата и УНЕСКО можат да го промовираат културното наследство преку организирање активности во и надвор од училиштето.

Културното наследство е широка тема која може да ве инспирира да организирате многу креативни активности со вашите ученици. Нудиме инспирација, и тогаш останува на вас да ја промовирате и поддржувате културата и европското наследство во вашите училишта.

"Нашето богато и разновидно културно наследство има огромна моќ да помогне да ја изградиме нашата нација" - Нелсон Мандела.

(9)

7

Културно

наследство и образование

Поглавје 1

7

(10)

8 Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина:

Европското културно наследство преку еТвининг

1.1. Европската година на културното

наследство, можност за поттикнување на наследно образование

Erminia Sciacchitano, Главен научен советник, Европска Комисија

Многу децении "културното наследство" беше поврзано со споменици, музеи и археологија. Поврзаноста меѓу културното наследство и образованието беше често во форма на пасивна посета на споменици или музеи и беше ограничена на посета на историски споменици или предмети. Многу често, тоа вклучуваше тура со водич кој се фокусираше на хронолошка историја на настани која немаат врска со животните искуства на учениците.

Брошури кои опишуваат детали за одреден споменик без никаква врска со неговиот контекст или со претходното знаење или искуства на учениците.

Во последниве децении, културното наследство зазема пошироко значење, вклучувајќи нематеријално наследство, природни, урбани и рурални предели, дигитално и филмско наследство. Рамковната конвенција на Советот на Европа за вредноста на културното наследство за општеството (Фаро, 2005) дава најсеопфатна дефиниција за културното наследство, опфаќајќи ја својата опиплива, нематеријална и дигитална димензија на холистички начин:

Културното наследство е група на ресурси наследени од минатото, што луѓето ги идентификуваат, независно од сопственоста, како одраз и израз на нивните постојано развиени вредности, верувања, знаење и транзиции. Ги вклучува сите аспекти на животната средина кои произлегуваат од интеракција меѓу луѓето и местата низ времето (Фаро 2005).

Оваа Конвенција нагласува дека секој знак или симбол, креиран кој и дава значење на некоја човечка активност и кое е заштитен, конзервиран или реставриран наместо да биде оставен природно да се распадне, да биде заборавен или уништен, може да се смета за културно наследство. Става акцент на вредностите (т.е. културна, историска, естетска, археолошка, научна, етнолошка, антрополошка вредност), верувањата, знаењата и транзициите, кои се сметаат за релевантни од заедницата или грпата има право да има корист од овој ресурс кој е одговорен за пренос на идните генерации.

Нагласено е во Конвенцијата дека овие вредности постојано се менуваат.

Erminia Sciacchitano

(11)

9

Препознаено е дека културното наследство игра клучна улога во нашето општество, преку креирање на чуство на заедништво, во и надвор од националните граници и промовира заедничко разбирање и заеднички вредности, односно грижата за културното наследство расте. Размислувајќи околу ова широко разбирање за културното наследство и растечкиот интерес, културното наследство е се повеќе користено во образовната околина, главно за да се насочи вниманието на културното наследство на што е можно повеќе ученици и да се збогатат процесите на учење.

Образованието за наследстовото е приод кон наставата и учењето засновано на идејата дека наследството им нуди можност на учениците да се вклучат во искуства со кои ќе ги натераат да учат. Со директно доживување, испитување, анализирање и оценување на културното наследство, како што се згради, споменици, работни места, пејзажи, артефакти, ритуали и традиции, учениците стекнуваат знаења, интелектуални вештини и поширок спектар на компетенции кои ги зајакнуваат нивните капацитети за одржување и подобрување на општеството и начинот на живеење.

1.2. Интерпретација на наследство: Начин да се ангажираат ученици и студенти за Европа

Интерпретирање на Европа – Европска асоцијација на интерпретација на наследство

Базирано на извадоци од весник од Интерпретирање на Европа(2017) Ангажирање на граѓани со културното наследство на Европа: Како да се искористи најмогу од интерпретативниот пристап, Witzenhausen: Интерпретирање на Европа1 Како не формален пристап на учење, интерпетацијата на наследство се појавува добро прилагодена за еТвининг проектите. Толкувањето на наследството ги претвора искуствата во извори на инспирација и креативност, предизвикува љубопитност кај учениците, вклучува наративи кои би можеле да бидат релевантни за нив и ги поттикнува на размислување.

Во споредба со другите пристапи за учење, најзначајната карактеристика на интерпретацијата на наследството е тоа што активно ги охрабрува учесниците сами да го интерпретираат своето искуство во потрага по сопствениот значаен контекст зад фактите. Се обидува да обезбеди:

1. Културно наследство и образование

1. http://www.interpret-europe.net/fileadmin/Documents/publications/ie_engaging_citizens_with_europes_cultural_

heritage_co.pdf

(12)

10 Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина:

Европското културно наследство преку еТвининг

• искуство од прва рака со оригиналниот феномен на наследство (искуствено учење);

• активно вклучување и размена со учесниците, провоцирање на лично размислување;

• посветеност на идеа за грижа за наследството(и исто како ресурс за лично учење).

Во рано детско образование

Чувствата и размислувањата на младите деца одговараат директно на она што точно искусуваат од нивната непосредна близина но, знаењето за интерпретација на наследство вклучува и разбирање на минатото надвор од дофат на личниот хоризонт на искуство. Затоа, детскиот развој на разбирање на времето треба да се земе предвид. На почетокот, знаењето за време е блиско поврзано со личното искуство на детето за настани што се случуваат често, на пример секоја недела (нема градинка во сабота) или годишно(роденден, Божиќ). Додека помладите деца сакаат повторување - и предвидливост - оние на возраст од пет до шест години обично сакаат да научат нови работи надвор од нивната непосредна околина и да слушаат приказни за животот и талентите на другите луѓе. На таа возраст, децата почнуваат да ги разбираат мерењата и споредбите и добиваат чувство на минато и иднина. Ова е предуслов за какво било толкување на културното наследство кое го истражува значењето на минатото.

Способноста за споредување ја зголемува детската љубопитност: "Покажи ми нешто што никогаш не сум го видел или сторил!" Споредбата е предуслов за уживање на она што другите луѓе или суштества го направиле. Децата потоа може да го сфатат значењето од интерпретативни приказни за минатите настани или луѓе кои го поврзуваат културното наследство со сопственото животно искуство. Децата потоа ја развиваат високо нивната способност за емпатија.

Во основно образование

Кога децата одат на училиште, тие се среќаваат со други социо-културни средини и имаат можност да стекнат нови искуства во новата социјална средина.

За училиштата, интерпретацијата на наследството може да биде вреден пристап кој го надополнува формалното образование. Образованието во училницата често се базира на текстови и медиуми. Се фокусира на генеричко знаење, вештини и однесувања значајни за една земја Историските развивања на поширока скала се представени преку селектирани идеални примери

Спротивно на тоа, интерпретацијата е поврзана со искуства од прва рака на вистински локации со наследство. Се однесуваат на конкретно локално наслество што е дел од околината каде живеат децата. Ова резултира со силно чувство на

(13)

11

реалност: "Тоа се случи тука". Понатаму, локалното наследство ретко се вклопува целосно во идеални типични генерички концепти и идеи. Може да се обликува на начин што ќе открие многу нијанси и бои на одредени работи и индивидуални луѓе надвор од идеалните типични категории. Може да се посети повторно и може да се толкува од различни перспективи.

За поврзување на деца од основно училиште со културно наследство на значаен начин, може да се разгледа следново:

• Културното наследство треба да се обликува во интерпретативни наративи кои го поврзуваат минатото со детскиот хоризонт на искуства и овозможуваат да се активира емпатијата.

• Толкувањето треба да го зајакне чувството за реалност преку искористување на искуство од прва рака на реални феномени поврзани со познатата околина на родниот град и неговата околина.

• Треба да се изберат контексти и приказни од минатото, кои ги активираат авто- трансцендентните и отворени-за-промени вредности.

• Толкувањето треба да ја искористи љубопитноста на начин што и се восхитува и го поддржува вистинскиот интерес на децата за богатството и разновидноста на светот.

Во средното образование; стручно образование и обука

Овој период одговара со периодот на најинтензивни барања за подлабоко значење Адолесцентите имаат тенденција да ги преиспитуваат обичаите, традициите, навиките, верувањата и однесувањата кои им биле пренесени во нивното детство, додека го бараат своето место и идентитет во светот. Ова е период исто така кога индивидуалните вредности и преферсенции се оформуваат.

Толкувањето на наративите за вистински настани може да открие нови перспективи кои им помагаат на адолесцентите да ги испитаат концептите и критички да ја проверат кохерентноста на системите и вредностите на верувањето. Може исто така да помогне да се добие појасна идеја за тоа што не сака да стане. Од друга страна може да го активираат ентузијазмот за некој друг кој е обожуван кратко време како инспирација или пример. За време на себе абарањето во светот, наследството може да им помогне на младите луѓе да го преобликуваат сопствениот систем на вредности и идентитет.

Во текот на овој типичен процес на еманципација, интерпретацијата на наследството нуди во голема мерка неискористена можност за европските општества да ги зајакнат вредностите за самопревоспитување. Ко-создавање на интерпретација на наследство кај младите луѓе олеснета од квалификувани толкувачи може да биде 1. Културно наследство и образование

(14)

12 Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина:

Европското културно наследство преку еТвининг

Ω β γ

многу моќна за да предизвика дебата и размислување и да спречи ранливост на претстојната генерација кон популизмот и религиозниот фундаментализам2. За ангажирање на млади луѓе за културно наследство на значаен начин, следното може да се земе во предвид:

• Културното наследство треба да се обликува во интерпретативни наративи кои го поврзуваат конкретното наследство со верувања и вредности кои се значајни за младите луѓе.

• Треба да се изберат контексти и приказни кои го активираат авто-трансцендентот и отвоерноста за промени и вредности кои ќе помогнат да се задржи идентитетот и како возрасен.

• Толкувањето треба да вклучува повеќе перспективи за откривање на тоа што одредено наследство значи за различни историски засегнати страни (на пример, со различни социо-културни потекла).

• Толкувањето треба да покрене отворени прашања што предизвикуваат интеракција, дебата и храна за саморефлексија, наместо да обезбедат едноставни одговори.

• Еманципаторскaта интерпретација мора да ја почитува автономијата на поединецот и неговиото или нејзиното - понекогаш провокативно - мислење.

• Во исто време преведувачот може да биде предизвикан од адолесцентите кои ќе го почитуваат него или неа за добро основани верувања и кохерентно однесување.

2. Пример: Еразмус+ проекти HIMIS (Интерпретација на наследство за инклузија на мигрантите во училиштата): http://himisproject.eu/en/home-page/

(15)

13

Ω β γ

13

еТвининг и културно наследство

Поглавје 2

(16)

14 Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина:

Европското културно наследство преку еТвининг

2.1. eTвининг и неговата релација со културно наследство

Ирене Петраке, Педагошки и мониторинг менаџер, Централен сервис за поддршка

Културното наследство треба да се негува и да сесподелува со децата од рана возраст, а во исто време треба да се подигне свеста за важноста на неговото зачувување. Во оваа смисла, задачата на училиштата е да го подучуваат, вреднуваат и зачувуваат уникатното културно и природно наследство преку различните наставни области, особено креативни области како уметноста (Ивон, Хицела, Кушчевиќ, Дубравка, 2013, 2, S. 29–50).

Во врска со учењето за наследството, целта треба да бидат да му се обезбеди на секое дете да има познавање за сопственото наследство. Освен тоа, образованието за наследство треба да ги запознае младите со прашањата за одржлив развој и да биде отворено за наследството на другите. Се препорачува да се зајакне чувството за заеднички европски идентитет и да се воведе знаењето на наследството во училишните наставни програми (Jakoba Sraml Gonzalez, 2012).

Во еТвининг учениците имаат привилегија да дојдат во контакт со различни култури и да бидат отворени за наследството на другите преку нивното учество во проекти. Дури и ако проектот не е директно поврзан со темата на културното наследство, учениците можат да разберат некои од културните карактеристики на своите врсници, преку интеракции и колаборативни активности во кои учествуваат.

Од воведувањето на еТвининг во 2005 година, наставниците имаат направено многу проекти со кои им овозможија на своите ученици да се запознаат со културните карактеристики на нивните врсници, да истражуваат во наследството на Европа, да ги откријат сличностите и разликите и конечно да создадат заеднички ресурси.

Некои од овие проекти добија Европски награди и и беа пример за добра пракса низ годините Во 2005 во проектот: “Europe, Education, Ecole – Club de Philosophie”, учениците од средно училиште од Италија и Франција разменија информации во врска со идната улога на културата, образованието и училиштата во Европа. Во 2007, ученици од основно училиште во Ирска и Малта разменија митови и легенди од нивните острови во проектот: “Once upon a blog”, додека учениците од средно училиште од Грција и Франција учеа грчки и латински зборови и нивното влијание врз модерните јазици во проектот “24 pas- 24 βήματα“. Во 2012 учениците од градинка во Грција, Франција, Латвија, Австрија и Португалија го откриваа Пикасо,

Irene Pateraki

(17)

15

Климт, Кли, Моне и Малевич преку разговор, разгледување идентификување на нивни слики и креирање на нови ставки во проектот “Act-in Art”.

Ова се само некои примери на еТвининг проекти кои добиле награди кои го потенцираат интересот на наставниците и учениците во подигање на свест за заедничка историја и вредности како и зачувување и промовирање на европското културно наследство преку нивната работа.

Како што Ангелики Кугиоруки, eTвининг амбасадорот вели:

“Културно наследство е како дрво што дава; треба корените да бидат врзани за земја за дупката да ги пренесе соковите на животот, гранките да гледаат накај иднината. Материјални и нематеријални елементи во него, кои треба да ги зачуваме за да ја разбереме нашата разновидност, да се збогатиме со знаење од минатото, да ги обликуваме нашите идентитети со важни вредности како поединци, заедници, општества, да гледаме напред и да ги пренесуваме сите на идните генерации. eTвининг може да игра важна улога; благодарение на развојот на проектите, наставниците и учениците можат да комуницираат, да ги почитуваат различностите и да соработуваат за заедничка цел. Тие можат да споделуваат идеи, да учат за вредностите и верувањата на нивните предци, додека комуницираат и работат заедно, да учат едни од други, да градат знаење базирано на нивните индивидуални вештини и репрезентации за да ја формираат нашата заедничка иднина”.

Во 2018, Европската година на Културно Наследство, многу наставници се охрабрија да почнат да работат на еТвининг проекти кои ги покриваат сите аспекти на културното наследство преку различни курикуларни предмети.

еТвининг им овозможи екстра ресурси како онлајн семинари, настани за учење и оргазнизирање на специјални кампањи за да се прослави и подигне свеста за важноста на европското културно наследство.

Учениците кои учествуваат во овие проекти го изразуваат своето мислење, прашуваат, се присетуваат за работи што веќе ги знаат и прават асоциации со сегашното знаење. Соработуваат со своите врсници, разбираат дека можат да ја зачуваат својата култура, но исто така и да ја почитуваат и културата на нивните партнери. Ова е всушност креативен начин да се искористи минатото, а да се цели кон менување на иднината.

2. eTвининг и културно наследство

(18)

16 Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина:

Европското културно наследство преку еТвининг

еТвининг проекти

Обичајот Мартеница 16 Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина:

Кутурното наследство на Европа преку еТвининг

Нурнете во длабочините

на УНЕСКО

Културно наследство

преку нови медиуми

УНЕСКО клуч на нашето наследство

Музиката поврзува не

Античките театри одзвонуваат

во нивната тишина

Лебот како

традиција наследство: Културно Моќта на растенијата CLORIS, ботанички

речник термини, нашето заедничко европско културно

наследство.

Необични обичаи, традиции

и фолклорни карактери од нашата земја

"Олимписките игри:

меѓународен"

јазик "на вредностите"

"Култура збогатена со

миграција"

(C.E.M)

Танцување преку нашите култури

Европски геопаркови

(19)

17 2. eTвининг и културно наследство 17

Да ги посетиме нашите

споменици заедно

Споделете го вашето културно

наследство преку границите

Втора светска војна 2, Историја

и културно наследство

Неверојатна авантура низ два патријални градови: Рим и

Севиља

Виртуелен музеј-од онлајн врата

до реален живот

Културното наследство

преку нашата кујна

Хемиско наследство

Кодирање на дигиталното

културно наследство

BEE BOT Откријте ја

културата на луѓето

Убавина и математика-

Европска година на културно наследство

Народната уметност - наше локално,

културно

наследство

наследство: Културно S.O.S (борба

против опстанок)

Светско наследство

и Светско првенство

(20)

18 Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина:

Европското културно наследство преку еТвининг

2.2. Културно наследство во еТвининг проекти

Културното наследство треба да биде дел од животот на децата од рана возраст и да им помогне да ја разберат важноста на нејзиното зачувување. Во оваа смисла, наставниците треба да ги научат своите ученици не само да ги уживаат достигнувањата на претходните генерации, туку и да учат од минатото и да го користат ова искуство и знаење за да ја изградат иднината

Во eTвининг, повеќето проекти намерно и ненамерно ги адресираат аспектите на културното наследство. Од почетокот на проектот. Учениците се представуваат себеси и нивните земји и делат информација со нивните партнери во однос на културното наследство. Постојат многу проекти кои вклучуваат материјално, нематеријално, дигитално и природно наследство во еТвининг. Подолу, можете да видите некои примери од еТвининг проекти кои опфаќаат различни аспекти на културно наследство и кои можат да ви помогнат, да развиете идеи кои можете да ги користите во вашиот сопствен училишен контекст.

Повеќе од играчки

Зошто? Народните играчки содржат материјални и нематеријални елементи на културното наследство од голема вредност од различни заедници, региони или земји. Учениците имаа можност да ги разберат и запознаат своите традиционални култури и креативни и естетски вредности со откривање на различни видови играчки.

Што? Студентите создадоа виртуелен музеј со цртежи од нивните народни играчки придружени со аудио водичи, кои нудат повеќе информации за посетителите.

Како? Студентите го истражуваа интернетот, ги посетуваат локалните / националните музеи и изложби на играчки и интервјуираа членови на нивното семејство и локалната заедница. Потоа разменија информации во врска со митови, обичаи и суеверија во однос на играчките и дадоа инструкции како

да се направат играчките. На крај ги направија народните играчки на нивните партнери и ги разменија играчките за да направат училишна изложба

Земји: Ерменија, Aзербејџан, Грузија, Litванија, Романија, Турција, Украина Гоцини на учениците: 8 – 15 Линк до проектот: https://twinspace.

etwinning.net/1528

Производ: http://bit.ly/etwinningch1

(21)

19

Да учиме заедно

Зошто? Да им помогнеме на учениците да научат за нивните културно, јазично, историско и природно наследство но исто така и нематеријално наследство:

Вредностите кои не поврзуваат како граѓани на светот (мирно

коегзистирање, слобода, толеранција).

Што? Учениците направија игри во текс и видео формат за да си помогнат едни на други да го откријат нивното културно наследство.

Како? Учениците го истражуваа наследството на нивната земја и направија образовни игри во Шпанија и Англија. Секоја картичка на игра содржи, место, карактер и дата или место поврзано со културно наследство, слика и три посебни одговори(каде само еден е точен).

Учениците исто така ги добиваат игрите на нивните партнери и ги играа за да го научат културното наследство на нивниот партнер.

Земји: Италија, Шпанија Возраст на учениците: 10 – 14 Линк до проектот: https: //twinspace.

etwinning.net/26348

Производ: http://bit.ly/etwinningch2

Војтек, мечката војник

Зошто? Кога се учи историја, битно за учениците е да учат за минатото од различни гледишта. Тоа го направија со помош на кафеавата мечка Скулптури од оваа мечка може да се најдат во Полска и Велика Британија.

Што? Учениците направија колаборативно видео каде ја раскажаа приказната за Војтек, кафеавата мечка.

Како? Учениците беа охрабрени да читаат книги и да учат за втората светска војна и да научат за животот на Војтек, мечка која ја усвоила полската војска за време на војната.

Земји: Полска, Велика Британија Возраст на учениците: 7 – 12 Линк до проектот: https://twinspace.

etwinning.net/23911

Производ: http://bit.ly/etwinningch4 2. еТвининг и културно наследство

(22)

20 Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина:

Европското културно наследство преку еТвининг

Шарени песни

Зошто? Лицето што се стекнува со уметничко образование на рана возраст има повеќе можности да развие чувствителност и интелектуален капацитет, да гради самодоверба и културен идентитет, да ги заштитува и промовира плурализмот, да ги препознава и почитува другите Што? Учениците направија е-книга со сите нивни активности поврзани со уметност, поезија и музика

Како? Поврзувањето на уметноста со образовните процеси, проектот имаше за цел да им овозможи на децата не само нови алатки за комуникација и изразување, туку и можност за откривање на локални, национални и европски уметници, кои придонеле за културното и јазичното богатство и разновидност на Европа. Исто така го зајакна локалниот идентитет на децата и културното наследство преку работата на локалните уметници и оние на партнерските училишта.

Земји: Грција, Италија, Литванија, Шпанија, Велика Британија Возраст на учениците: 3 – 11 Линк од проектот: https://twinspace.

etwinning.net/26039

Проиводо: http://bit.ly/etwinningch3

Да го вреднуваме нашето културно наслество

Зошто? Да дознаеме за нивното локално културно наследство и културното наследство на Европа.

Што? Учениците направија дигитална книга со сите собрани информации.

Како? Учениците направија

интерактивни игри (квизови со загатки):

историски места, гастрономија, архитектура и традиции.

Земји: Белгија, Франција, Италија Возраст на учениците: 12 – 14 Линк од проектот: https://twinspace.

etwinning.net/23303

(23)

21

CARPE ANTIQUIT@TEM!

Зошто? Да се разбере наследството на Грција и Италија преку барање базични латински и Грчки зборови и колку други зборови се пренесени на други европски јазици.

Што? Учениците напраивја речник со зборови кои потекнуваат од старогрчки и латински, етимолошки квизови и видеа за важни луѓе од Стара Грција и Рим.

Како? Учениците бараа начини на изразувања на класичното потекло кои сеуште е во употреба, се запознаа со секојдневниот живот на античките Грци и Римјани, го испитуваа потеклото на традициите (театар, свадби, смрт) и ги проучуваа биографиите на важни луѓе

како Перикле, Калиопа, Цицерон , Цезар и Темистокла.

Земји: Грција, Италија, Шпанија Возраст на учениците: 15 – 16 Линк од проектот: https://twinspace.

etwinning.net/30369

Производ: http://bit.ly/etwinningch6

Празници и прослави во различни европски училишта

Зошто? Да се научи да се почитува културното наследство на Европа и да се продлабочи знаењето на учениците за различни европски фестивали со помош на маскота.

Што? Учениците направија е-книга со авантурите на Макс, традиционални рецептеи и речници.

Како? Учениците направија

колаборативна книга со авантури на нивната маскота Макс , која патуваше низ стие земји. Тој го започна своето патување во Шпанија со забава и традиционално јадење и ја посетија Полска, Финска, Романија, Ирска, Украина пред да се вратат во Шпанија.

Земји: Финска, Ирска, Романија,Полска, Шпанија, Украина

Возраст на учениците: 3 – 11 Проектен линк: https://twinspace.

etwinning.net/24439

Производ: http://bit.ly/etwinningch5 2. еТвининг и културно наследство

(24)

22 Учење од минатото, дизајнирање на нашата иднина:

Европското културно наследство преку еТвининг

Кога уметноста се сретнува со реалноста!

Зошто? Да се научи за 20 артисти и едно конкретно уметничко дело од овие уметници за да се создаде виртуелна изложба со Aurasma (алатка за зголемена реалност).

Што? Учениците креираат изложба од 20 уметнички дела (претежно слики) од 20 европски артисти од Република Чешка, Италија, Полска и Франција преку користење на таблети со зголемена реалност и оналјн списание.

Како? Во групи, учениците избираат уметник од нивните земји и подготвуваат квиз за партнерите да играат. По гледање на информации за 20 артисти, секоја група го игра квизот на неговиот партнер и подготвува презентација

за артистот. На крај, селектираат едно уметничко дело од артистот и подготвуваат презентација со користење на зголемена реалност.

Земји: Република Чешка, Франција, Италија, Полска

Возраст на учениците: 13 – 16 Линк од проектот: https://twinspace.

etwinning.net/23619

Производ: http://bit.ly/etwinningch7

Mon jardin, ton jardin, nos jardins européens et…extra européens aussi !!

Зошто? Природното наследство се однесувана тотална сума на елементи од биодиверзитетот, вкучлкувајќи флора и фауна, екосистем и геолошки структури. Целта беше да им се даде на студентите, можност да откриат преку ова интерактивни, забавни, научни, готвачки и уметнички размени..

Што? Учениците прават е-книга со активности врзани за нивните градини.

Како? Учениците го откриле природното наследство на нивните земји и традиции поврзани со него преку креирање видеа, презентации, мапи и квизови.

Земји: Данска, Франција, Македонија, Италија, Литванија, Тунис

Возраст на ученици: 12 – 16 Линк од проектот: https://twinspace.

etwinning.net/24216

Производ: http://bit.ly/etwinningch9

(25)

23

Eвро стрип – Истражете ја Европа преку Стрип

Зошто? За да им помогнете на учениците да ги откријат легендите, традиционалните јадења и историски згради на интересен и креативен начин.

Што? Учениците направија превртена е-книга "Аладин и седумте приказни"

во која карактерот ги посетува нивните знаменитости и открива материјалното и нематеријалното културно

наследство.

Како? Преку истражување и групна работа, учениците го открија своето културно наследство со трансформирање на црно-црвени цртежи во полупрофесионален

стрип лик кој патува низ историјата и културата.

Земји: Република Чешка, Франција, Грузија, Грција, Италија, Турција Возраст на учениците: 14 – 16 Линк до проектот: https://twinspace.

etwinning.net/23618

Производ: http://bit.ly/etwinningch10

Разгледување на културно наследство околу Европските Земји

Зошто? Студентите да бидат свесни за културното наследство што можат да го најдат во нивната земја како и во другите земји. На овој начин, тие би можеле да размислуваат колку е богато нивното наследство и колку е важно да се почитува и заштити нивното наследство, како и културата на другите земји.

Што? Учениците креираа мапа потцртувајќи го културното наследство на нивните земји и на Падлет зидови го изложуваа наследството на нивните партнери.

Како? Во парови избираа категорија на (археолошки наоѓалиште, згради, традиции, замоци, кули, природни богатства); бараа информации и

подготвуваа презентации за другите партнери. На крај, користеа Tricider за да гласаат за оние кои најмногу им се допаѓаа и ги разменуваа нивните гледишта.

Земји: Франција, Грција, Италија, Шпанија

Возраст на учениците: 11 – 13 Проектни линкови: https://twinspace.

etwinning.net/23667

Производ: http://bit.ly/etwinningch8 2. етвининг и културно наследство

Références

Documents relatifs

Овие анализи се вршени во рамките на тукушто завршената студија за развојот на EEC на Република Македонија во наредните 20 години и имаа за цел да

Во овој труд е прикажана пресметка на загубите на активна електрична енергија зависни од оптоварување со користење на минимум влезни податоци од

Сликата за стабилноста на работата се добива со следење на промените на параметрите на генераторите кои се во паралелна работа во рамките на EEC,

о Работа во услови на дерегулиран пазар на електрична енергија За нас најбитни податоци се оние кои се однесуват на работата на нашиот EEC и тие ќе

Како што може да се забележи од самата слика, применливоста на мо- делот е презентирана преку приказ на промената на шест големини и тоа: брзи- ната на

Функционалната положба на ТС во рамките на ПК Б/Г , извесно е дека подразбира постојано присуство на посада, која динамично ќе ги усогласува потребите

Првиот ввд на податоци произлегува од потребата да се разменуваат информации неопходни за ЅСАОА системите и Овстемитв за управување со енергијата (ЕМЅ) Размената

Во литературата се познати методот на еквивалентна отпорност и повеќе методи за пресметка на загуби на активна електрична енергија зависни од